СП 2018: Роналдо: Освојувањето на трофејот останува наша цел


Кристијано Роналдо го прокоментира драматичниот судир меѓу Португалија и Шпанија од групата „Б“ на СП 2018, што заврши 3:3. Напаѓачот постигна три гола и пред целиот свет повторно ја покажа својата класа.
– Среќен сум, завршивме добра работа. Сето ова е резултат на многу години работа на сите во тимот. Јас им должам на моите соиграчи затоа што не престануваат да веруваат во мене, рече Роналдо веднаш по натпреварот.
Тој додаде дека тимот дал сѐ од себе и ремито е заслужено.
– Можевме да победиме, но и нерешеното не е лошо. Ремито е заслужено бидејќи Шпанците многу повеќе ја контролираа топката од нас. Освојувањето на трофејот останува наша цел, но за да го сториме тоа, треба почесто да ја имаме топката во наши нозе и да ја контролираме играта, изјави петкратниот освојувач на „Златната топка“.
Балкан

Бугарскиот претседател Радев стави вето за купување американски борбени авиони

Бугарскиот претседател Румен Радев стави вето на спорното купување американски борбени авиони Ф-16. Како причина Радев ја наведе високата цена, недоволната опрема и зголемувањето на буџетскиот дефицит што таа нарачка го повлекува со себе. – […]

Вести

Новиот премиер на Велика Британија – за приврзаниците популарен, за критичарите – неискрен

Борис Џонсон е контроверзна фигура во британската политика и новинарство. За приврзаниците тој е духовит, популарен и привлечен, додека за оние кои го критикуваат велат дека е елитист, неискрен, мрзлив и употребува расистички и хомофобичен […]

Балкан

Србија: Напукна асфалтот на новиот автопат Е-10 низ Грделичка клисура

Иако од отворањето на јужната траса на Коридорот 10 за Северна Македонија не поминаа ни три месеци, на делницата помеѓу Царичина долина и тунелот Манајле, напукна асфалтот. Кон крајот на мај со музика и огномет, […]