Сопругата му „копала гроб“ на фудбалерот Емре Ашик, љубовникот ја издал




Јагмур Ашик, сопругата на екс-фудбалерот на Фенербахче, Галатасарај и на Бешикташ, Емре Ашик е обвинета дека на љубовникот му понудила 1.2 милиони американски долари за да го организира убиството на нејзиниот сопруг, пишува турски „Хуријет“.

„Со неа имав афера. Таа размислуваше само како да стигне до неговото богатство по неговата смрт. Бараше од мене да го убијам, но тоа го одбив. Еднаш ми донесе парче месо и бараше да пукам во него. Пукав во него, но и реков `Не можеш тоа да го направиш`. После тоа беше исклучително бесна“ – изјавил пред Обвинителството нејзиниот љубовник, Ерди Сунгур.

Тој во меѓувреме ја запознал сопругата на фудбалерот со професионален убиец кој поради 3 убиства веќе е во затвор.

Обвинителството наведува дека Јагмур Ашик на платен убиец му дала пиштол, а во турски регион барала место каде може да се закопа телото на својот маж по егзекуцијата. Сепак, убиецот се откажал од договорот.

Емре Ашик кој 34 пати го носеше дресот на Турција во бракот со Јагмур има 3 деца.

Yağmur Aşık’ın Emre Aşık’ı öldürtmek için cinayet planı yaptığı ortaya çıktı

Boşanma sürecinde olan Emre-Yağmur Aşık çifti bu sefer de kan donduran bir olayla gündeme geldi. Yağmur Aşık’ın, sevgilisiyle birlikte kocasını öldürtmek istediği, hatta mezar yeri aradığı ortaya çıktı. pic.twitter.com/14QzQqaKHT

— BASINTÜRK (@basinturkBT) September 24, 2020