Солскјер: Воопшто не сме блиску до тоа што го сакаме


Солскјер согласен за воведувањето на пет замени во натпреварите во Премиер лигата - МИА

Манчестер, 4 јули 2020 () – Серија од 15 последователни натпревари без пораз на сите турнири не значи дека Манчестер Јунајтед веќе го пронајде вистинскиот рецепт, изјави менаџерот Оле Гунар Солскјер на прес-конференција пред колото во Премиер лигата.

Тој истакна дека има многу простор за подобрување и се согласи со тезата на неговиот поранешен соиграч и сегашен аналитичар, Гери Невил дека на Јунајтед им требаат тројца или четворица играчи да се борат за титулата.

– Гери е во право за многу работи. Сè уште не сме на тоа ниво и рангот е доказ за тоа. Ние воопшто не сме блиску до тоа што го сакаме. Треба да бидеме поконзистентни во сè, треба да подобриме многу аспекти од нашата игра. Ние не ја потценуваме ситуацијата и не мислиме дека конечно ја најдовме вистинската формула, рече тој пред натпреварот против Борнмут.

Солскјер додаде дека очекува битката за место во Лигата на шампионите да продолжи до последниот судиски сигнал од сезоната.

– Последното коло ќе биде од витално значење. Имаме Челси против Волците и ние против Лестер. Не е важно дали Лестер се три бода пред нас, или ние пред нив. Натпреварот сепак ќе биде важен, додава Солскјер.

 


Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти

Скопје, 7 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1 845 тестирања и се регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19. Починале две лица, а оздравеле 127 пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство. Од […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис

ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана

Скопје, 7 август 2020 () – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите […]

Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*