Солскјер: Нашиот следен чекор во развојот е освојување трофеј



Солскјер за дуелот со Тотенхем: Треба да играме како со Челси во првото коло - МИА

Манчестер, 4 август 2020 () – Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека следниот чекор во развојот на тимот ќе биде да се освои трофеј, бидејќи сакаат ветувачки да ја завршат сезоната и да ја освојат Лигата на Европа.

Јунајтед, кој заврши на третото место во Премиер лигата, го победи ЛАСК Линц со 5:0 во првиот натпревар од осминафиналето на турнирот. Реваншот ќе се одигра утре без публика на „Олд Трафорд“.

– Ние сме на четири натпревари од освојувањето на Лигата на Европа. Тимот се развива во текот на целата сезона, ние сме среќни за третото место, но следниот чекор е трофеј. Играчите сакаат да играат, тие не сакаат пауза. Не е лесно да се каже „нема да одморите“. Се надевам дека играчите сакаат да победуваат на начинот на кој сакам јас. За мене е важно што го рестартираме турнирот со играчи кои сакаат да победуваат и нема да имаат пауза, рече Солскјаер на конференцијата за печат на Интернет.

Англискиот тим ќе биде без дефанзивците Аксел Туанцебе и Лук Шо за реваншот, но Џеси Лингард се враќа во почетниот состав, откако го постигна својот прв гол во Премиер Лигата по 18 месеци во последниот натпревар против Лестер Сити.

– На Аксел ситуацијата почна да се влошува и мора да има операција на ногата. Тој ќе се врати на почетокот на септември. Исто е и со Лук. Тој треба да биде подготвен кога ќе започне новата кампања во Премиер лигата. Џеси ќе започне утре, но тимот нема да биде премногу различен од оној во првиот меч во март, изјави Солскјер.

Менаџерот додаде дека е воодушевен од настапот на дефанзивецот Крис Смолинг, кој се врати во клубот по една сезона на позајмица во Рома во Италија.

– Мислам дека Крис покажа во кариерата колку е вреден за нас. Оваа сезона беше добра за него и сега се врати, додаде Солскјер.


Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*