Со мали изгореници на екстремитетите Грожан излезе од запалениот преполовен болид (фото)


Со мали изгореници на екстремитетите Грожан излезе од запалениот преполовен болид (фото) - МИА

Манама, 29 ноември 2020 () – Францускиот возач во Формула 1, Ромен Грожан, кој попладнево имаше страшна несреќа на трката во Бахреин, според првичните информации се здоби со изгореници на рацете и нозете.



– Ромен е во ред, не сакам да дадам медицински коментар, но имаше лесни изгореници на рацете и глуждовите. Очигледно е потресен … Сакам да им се заблагодарам на спасувачките екипи кои беа многу брзи. Редарите и луѓето на ФИА завршија одлична работа, беше страшно, како претпазливост и за понатамошно медицинско набљудување, нашиот пилот ќе биде префрлен во болница, соопштија од тимот Хас.

Трката во Бахреин која беше прекината по самиот старт, во моментов е прекината поради санација на заштитната ограда на местото каде удри болидот на Грожан.