„Скај Спорт“: Ибра нема да остане во Милан


Ибрахимовиќ не е загрижен за вирусот и продолжува да тренира (ВИДЕО) - МИА

Милано, 2 јули 2020 () – Она што се шпекулира со недели се чини дека е потврдено. Златан Ибрахимовиќ и Иван Газидис не најдоа заеднички јазик, па искусниот напаѓач ќе го напушти Милан по истекот на неговиот договор.

Според „Скај Спорт Италија“, нема ништо од договорот меѓу поранешниот играч на репрезентацијата на Шведска и Милан. Несогласувањето се должи на платата, бидејќи напаѓачот побарал шест милиони евра, а Газидис има намера да спроведе мерки за штедење, а таа бројка едноставно не се вклопува во буџетот. Иако, многумина веруваат дека Газидис воопшто немал намера да го задржи 38-годишниот, па ова му помогнало.

Сега, практично има само едно решение за продолжување на кариерата, а тоа е да се врати во својата татковина, каде би играл за Хамарби, каде има и акции.

Ибрахимовиќ се врати во Милан во јануари, за кој постигна четири гола на 11 натпревари. Во претходниот период од 2010 до 2012 година, тој учествуваше во освојување на последната титула во Серија „А“ во 2011 година.


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 166 случаи со Ковид-19, четворица починати, 185 оздравени пациенти

Скопје, 2 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-1, Штип-23, Тетово-12, Струга-7, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-9, Гостивар-15, Гевгелија-1, Струмица-1, […]

Вести

Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири

– Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ,  поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и […]

Викендите предизвикуваат раст на бројот на новозаразени од Ковид-19 - МИА
Вести

Бројот на новозаболени под 10 отсто, се бара почитување на протоколите на плажите и на базените

Скопје, 2 август 2020 () – Бројот на новозаразени лица од Ковид -19 падна под 10 отсто. Според последниот здравствен билтен на Министерството за здравство, во последните 24  часа од направени 1621 тестови регистрирани се […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*