Сити подготвил нов договор за Халанд

Сити-подготвил-нов-договор-за-Халанд.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Манчестер сити интензивно работи на продолжување на договорот со Ерлинг Халанд. Норвежанецот има договор до 2027 година. Сити се решија на ваков потег за да го одбијат потенцијалниот напад од Мадрид.


Халанд, според актуелниот договор заработува 460.000 евра неделно. Неговата плата ќе биде зголемена доколку го продолжи договорот. Покрај платата Сити ќе ја зголеми и откупната калузула.

На овој начин „граѓаните“ ќе се одбранат од Реал, кој во наредниот период ќе се обиде да донесе врвен напаѓач. „Кралскиот клуб“ остана без Карим Бензема, а во летниот преоден рок не сакаа да трошат пари на трансферот на Килијан Мбапе, со надеж дека наредното лето беспалтно ќе го обезбедат потписот на францускиот ас.

Халанд минатото лето за 60 милиони евра пристигна во Сити од Борусија Дортмунд. Во својата прва сезона одигра 53 натпревари, постигна 52 гола и забележа девет асистенции. Со Сити ја освои тројната круна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK