Фудбалерите на Манчестер сити и Севилја од 21 часот ќе играат за трофејот во Суперкупот на Европа.
Манчестер сити минатата сезона ја освои Лигата на шампионите, откако во финалето го совлада Интер со 1:0.
Севилја ја освои Лига Европа.
Шпанскиот клуб во финалето ја победи Рома со 4:1 по подоброто изведување пенали. По 90 и 120 минути резултатот беше 1:1.
Манчестер сити го победи Барнли со 3:0 во првото коло од Премиер лигата минатиот викенд, додека Севиља стартуваше во Ла Лига со пораз од Валенсија (1:2) на домашен терен.
Манчестер сити за прв пат ќе се бори за трофејот во Суперкупот.
Фудбалерите на Севилја шест пати се бореа за Суперкупот, а само еднаш го освоија овој трофеј и тоа во 2006 година.
Натпреварот ќе се одигра на стадионот на Олимпијакос, „Јоргос Караискакис“ во Пиреја.