Сити го финализираше трансферот на Феран Торес



Сити го финализираше трансферот на Феран Торес - МИА

Манчестер, 4 август 2020 () – Крилниот напаѓач на Валенсија, Феран Торес, официјално се пресели во Манчестер Сити. „Граѓаните“ потпишаа со талентираниот Шпанец на 5 години. Претходно денес, тој беше подложен на лекарски прегледи во Барселона, по што немаше никакви пречки за да се потврди договорот.

– Јас сум многу среќен што му се придружив на Манчестер Сити. Секој играч сака да игра во офанзивен тим, а Сити е една од најнапаѓачките екипи во светот. Се надевам дека ќе имам улога во идниот успех на клубот, рече 20годишниот крилен напаѓач.

Феран Торес е дете на Валенсија. Минатата сезона тој забележа 34 натпревари во Ла Лига (26 како стартер), во кои постигна 4 гола и даде 5 асистенции.

Откако стана јасно дека младиот фудбалер нема да го обнови договорот и ќе го напушти „Местаља“, за него интерес покажаа локалните гиганти Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, но тој ја избра можноста да работи под водство на Гвардиола во Сити.

Според медиумите, „лилјаците“ ќе добијат 23 милиони евра, а во договорот ќе бидат внесени уште 12 милиони евра во форма на бонуси.


Уште две деца од струмичката градинка позитивни на Ковид-19 - МИА
Вести

Уште две деца од струмичката градинка позитивни на Ковид-19

Струмица, 19 септември 2020 () -Уште две деца од струмичката градинка од истата група од која е првото, се позитивни на Ковид-19, потврди директорот Васил Бубев. -Не може да се потврди дека станува збор за […]

Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 30.827.639 лица. Од нив починале 958.514 пациенти, а оздравеле 22.440.560 луѓе. Атина – Во Грција во изминатите 24 часа се регистрирани 240 нови […]

Вести

Реакција од група Македонски научници во однос на континуираните бугарски негирања на посебноста на Македонскиот народ и јазик

Како македонски научни работници – проучувачи на македонската историја, култура, книжевност и на македонскиот јазик, најенергично реагираме на најновите оспорувања и негирања што доаѓаат од страна на бугарските политички претставници. Особено со индигнација ги отфрламе […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*