Сите учесници на Олимпијадата во Токио ќе бидат познати на 29 јуни 2021 година


Сите учесници на Олимпијадата во Токио ќе бидат познати на 29 јуни 2021 година - МИА

Лозана, 7 април 2020 () – Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) го објави ажурираниот рок за квалификацискиот период за спортисти на Олимпијадата во Токио, што ќе се одржи следното лето. Ова ќе се случи на 29 јуни 2021 година. Системот за квалификации ќе биде доставен до ИОК до крајот на овој месец.

Националните олимписки комитети, на 5 јули следната година, точно 18 дена пред отворањето на Игрите, мора да ги достават конечните списоци на спортисти кои ќе учествуваат на Олимпијадата.

ИОК исто така препорача сите меѓународни спортски федерации, доколку е можно, да ги задржат оригиналните системи за квалификации и квалификациските турнири, кои беа откажани заради појава на коронавирусот.

Во моментот се утврдени сопствениците на 57 проценти од лиценците за Олимписките игри во Токио. Во нив ќе учествуваат вкупно 11 илјади спортисти.


Вести

ОМД ја поздравува одлуката против Бугарија во спорот со македонското малцинство во ЕСЧП

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува позитивните решенија на Европскиот Суд на Човекови права во Стразбур, поднесени против Бугарија поради кршењето на Член 11 (слобода на собирање и организирање) од Конвенцијата за заштита на човекови […]

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба - МИА
Вести

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност утре на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. На седницата, покрај […]

Од 29 заболени со коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово   - МИА
Вести

Нови 52 случаи на КОВИД -19, четворица починати и 30 оздравени

Скопје, 29 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Во овој период починале четири лица, две на […]