Сите десет тима во Формула 1 го потпишаа Договорот за согласност



Сите десет тима во Формула 1 го потпишаа Договорот за согласност - МИА

Лондон, 19 август 2020 () – Сите 10 екипи во Формула 1 го потпишаа Договорот за согласност, пренесува прес-службата на тркачката серија.


 

Така, сите екипи кои учествуваат во „Кралските трки“ сега се обврзаа да продолжат да се натпреваруваат до 2025 година.

Ферари, Вилијамс и Мекларен беа првите што го објавија потпишувањето на договорот, а денес се решија формалностите со останатите седум екипи во Формула 1.