Симеоне и Атлетико, доказ дека постојат совршени односи

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Атлетико Мадрид и Диего Симеоне најдоа заеднички јазик по којзнае кој пат во изминатата деценија. „Марка“ ги открива најважните детали во врска со обновувањето на договорот до 2027 година.


Наводно, Симеоне го прифатил предлогот на клубот да ја продолжи соработката со значително намалување на платата.

„Аргентинецот е свесен за тешката финансиска ситуација во која се наоѓа клубот и ова беше потег со кој сакаше да ја покаже својата посветеност и благодарност за сите успешни сезони кои ги делат откако пристигна во Атлетико“, пишува „Марка“.

Ова значи дека со новиот договор, Симеоне повеќе нема да е тренерот со најголема плата во фудбалот. Се шпекулира дека неговата бруто плата ќе биде намалена за 40 отсто.

Неговата сестра, која воедно е и менаџер, Наталија, повторно се сретна со Мигел Анхел Хил Марин и се очекува во наредните денови се да биде официјализирано.

Доколку остане до крајот на новиот договор, Симеоне би поминал најмалку 14 години во Атлетико, со што, покрај најуспешен, би станал и тренер со најдолг стаж на клупата на „јорганџиите“.

Навистина, доказ дека во фудбалот има совршени односи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK