Швед: Подготвен сум да дојдам во Црвена звезда

5b1515e5-alexey-shved-cska-at-maccabi-euroleague-625x375-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Црвена звезда во раната фаза од летниот преоден рок формира респектабилен состав за следната сезона, но се чини дека во тимот ќе пристигне уште еден играч.


Медиумите пред неколку недели го најавија доаѓањето на искусниот руски стрелец Алексеј Швед, кој на почетокот на овој месец ја прекина соработката со ЦСКА Москва. Од тој момент навивачите на Црвена звезда секојдневно го „бомбардираат“ со прашања на неговиот профил на Инстаграм.

Денеска им одговори!

„Момци, ако сте подготвени, јас сум подготвен да дојдам во Црвена звезда“, напиша тој.

Што би можело да значи „ако си подготвен“?

Претходните денови се појави информација дека Црвена Звезда сака да добие дефинитивна потврда од Евролигата дека Швед нема да има никакви проблеми да патува на гостувањата во Евролигата ширум Европа, имајќи ги предвид санкциите кои постојат против Русија од почетокот на војна во Украина.

Очигледно договорот е многу блиску, а во меѓувреме Швед тренира и го чека исходот.

Алексеј Швед 34 години, а најголемиот дел од кариерата го мина во ЦСКА и Химки. Во периодот од 2012 до 2015 година играше и во НБА, каде беше член на Минесота, Филаделфија, Хјустон и Њујорк.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK