Шпанија ќе игра против Косово во квалификациите за СП




Шпанија, во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар, се наоѓа во Б-групата, заедно со Грција, Шведска, Грузија и Косово. Шпанците се апсолутни фаворит во оваа група, ќе биде сензација доколку не го освојат првото место.

По ждрепката се појавија сомнежи дека Шпанија, која не го признава Косово, нема да игра против оваа репрезентација. Ова во својот текст го тврдеше и германскиот „Спорт 1“.

Пишувањата на „Спорт 1“, ги демантираше шпанската министерка за надворешни работи, Аранча Гонзалес Лаја. Таа порачала дека ќе бидат одиграни натпревари против Косово.

„Морам да кажам дека тој проблем се решава според правилникот на ФИФА. Се гледаат нивните правила, а не меѓународното признавање на државите“, рекла Гонзалес Лаја.

„Тоа што ние не го признаваме Косово, не значи дека не може да учествува во спортските натпреварувања. Ние против нив веќе игравме во 2018 година, на Медитеранските игри и на Светското првенство за млади ракометари. Ќе разговараме со ФИФА за да видиме какви услови тие ќе побараат и како треба да изгледаат нашите натпревари против Косово“.

Под тие услови таа мисли на знамето и химната на Косово.

 

Спорт 1: Шпанците нема да излезат на теренот против Косово?