Шкендија загуби, но беше достоен ривал на Тотенхем


Шкендија загуби, но беше достоен ривал на Тотенхем - МИА

Скопје, 24 септември 2020 () – Последниот македонски претставник во фудбалските евро-купови за оваа сезона, тимот на Шкендија, вечерва загуби од Тотенхем со 1:3 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Во натпревар од 3. коло од квалификациите за Лига Европа, Шкендија му зададе достоен отпор на големиот фаворит, а до дваесетина минути пред крајот имаше и нерешен резултат.

Сепак, тетовци не успеаја да ја минат претпоследна пречка пред баражот за групната фаза во второто по квалитет клупско фудбалско континентално натпреварување.

Тотенхем поведе преку Ерик Ламела во 5. минута, Валмир Нафиу изедначи во 55. минута, Хонг-Мин Сон му донесе повторно водство на англискиот великан во 70. минута, а Хари Кејн ги постави конечните 3:1 десет минути подоцна.

Противник на Тотенхем во плејофот за учество во групите на ЛЕ, ќе биде израелски Макаби Хаифа.


Вести

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 […]

Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*