Англичаните не дозволија историјата да се повтори, а овојпат успеаа да го совладаат противникот во пенал рулетот.
Сите пет играчи на Англија успешно ги изведоа пенали, а заслугата за влез во полуфиналето ја превзема Пикфорд, одбранувајќи го ударот на Аканџи.
На овој начин беше елиминирана Швајцарија, а беше забележан интересен детал на шишето од кое англискиот голман пиеше вода.
На него имаше список на играчите од Швајцарија со забелешка на која страна ќе се шутира пеналот.
За Аканџи пишуваше дека ќе шутира по левата страна од својот гол.