Шест играчи го напуштаат Ренџерс


Шест играчи го напуштаат Ренџерс - МИА

Глазгов, 22 мај 2020 () – Шест играчи ќе го напуштат Ренџерс за време на летната пауза, потврди клубот. Играчот од средниот ред Енди Холидеј, дефанзивецот Џон Фланаган и голманот Вес Фодерингем, кои се во составот на „сините“, веќе нема да играат на „Иброкс“. Џордан Роситер, Џејсон Холт и Џек Алнвик, кои беа префрлени во други тимови минатата кампања, исто така се разделуваат со 54-кратниот шкотски шампион.

– Им оддавам почит на сите што ја напуштаат екипата на крајот на сезоната. Нашата работа продолжува секој ден, ние се подготвуваме за новиот шампионат, изјави менаџерот на „сините“, Стивен Џерард.

Дваесет и осум-годишниот Холидеј заминува по 152 натпревари и 18 голови за Ренџерс, додека 27-годишниот Фланаган го загуби стартното место во јануари и ќе бара развој на кариерата во друг клуб. Голманот Фодингем има 143 натпревари како стартер за екипата на Глазгов од 2015 година.

„Сините“ останаа на второто место пр последниот пласман во Премиер лигата по прекинувањето на сезоната во Шкотска.


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]