Шефилд Јунајтед привлекува напаѓач на Ливерпул


Шефилд Јунајтед привлекува напаѓач на Ливерпул - МИА

Ливерпул, 28 септември 2020 () – Шефилд Јунајтед е близу до привлекување на напаѓачот на Ливерпул, Рајан Брустер за 17 милиони фунти. 20-годишникот има желба да го напушти „Енфилд“ за да игра редовно.

„Црвените“ првично немаа намера да се разделат со Брустер, но по последните трансфери се подготвени да го пуштат. Сепак, тие сакаа да биде вклучена клаузула во договорот за да можат да го вратат доколку се развие доволно. Англискиот шампион се договори со Шефилд Јунајтед за таква клаузула, која ќе изнесува 40 милиони фунти.

Во втората половина од минатата сезона, Брустер играше на позајмица во Свонси и импресионираше со своите настапи во Чемпионшип дивизијата, постигнувајќи 11 гола на 22 натпревари.

Ливерпул сака да се раздели со други играчи, но досега не успеа во тоа. Иднината на Дивок Ориги, Џердан Шакири и Марко Груиќ е нејасна во оваа фаза.


Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Вести

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на […]

Вести

Младите сакаат да се иселат, не се спроведува националната стратегија за спречување на одливот на мозоци 

– Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*