Шеф на Сити: Останувањето на Пеп е приоритет


Гвардиола подготвува нов напад за своја стара цел - МИА

Манчестер, 10 октомври 2020 () – Главниот оперативен директор на Манчестер Сити, Омар Берада, објави дека останувањето на менаџерот Пеп Гвардиола е приоритет на клубот.



– Фактот дека Пеп е на кормилото на Сити повеќе од кој било друг, покажува колку далеку стигна клубот во својот развој. Тоа значи дека тој сака да биде тука и дека му е пријатно. Гвардиола е број 1 во светот и ние сакаме тој да остане во Манчестер Сити. Ќе разговараме за неговиот нов договор во вистинско време. Се надеваме дека ќе остане, тоа е приоритет за Манчестер Сити, изјави Берада.

Тој зборуваше и за можноста Манчестер Сити да ја привлече мегаѕвездата на Барселона, Лионел Меси. За таквата можност се дискутираше на лето, кога Аргентинецот изрази желба да го напушти „Камп Ноу“.

– Не е јасно дали некогаш повторно ќе имаме можност да потпишеме со Меси, но ако Лео ја напушти Барселона, ќе истражиме таква опција. Меси и играч кој може веднаш да го смени изгледот на кој било клуб. Самиот факт дека бевме поврзани тоа покажува колку пораснавме како клуб, додаде Берада за „Атлетик“.


Вести

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против КОВИД-19

– Сојузот на здруженија на пензионери упатуваат апел приоритет при вакцинирањето против КОВИД-19 да имаат пензионерите, како најранлива категорија лица со хронични болести и намален имунитет. -Во име на над 300 000 возрасни луѓе во нашата […]

Вести

Земјите од ЕУ на здравствена заштита во просек трошат 9,9 проценти од БДП, ние 4,5

– На здравствена заштита и социјални бенефити Северна Македонија во 2019 година потрошила вкупно 507 милиони евра односно 4,5 проценти од БДП или по 244 евра по глава на жител, што е под просекот од […]

Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*