Руни: Јунајтед направи голема грешка со отпуштањето на Ван Гал


Руни: Јунајтед направи голема грешка со отпуштањето на Ван Гал - МИА

Манчестер, 17 мај 2020 () – Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни верува дека „црвените ѓаволи“ направиле голема грешка кога го отпуштиле Луис Ван Гал по две сезони во клубот.


 

Холанѓанецот доби отказ 24 часа откако го доведе тимот до победа во ФА Купот во мај 2016 година, а подоцна беше заменет од Жозе Мурињо.

– Бев ужасно разочаран кога Луис беше отпуштен. Задоволство беше да соработувам со него. Требаше да го задржиме за трета сезона. Ние ќе бевме многу посилни. Чувствував дека работите се подобруваат и играчите почнуваа да ја разбираат неговата визија. Во тие две години научив повеќе од кој било друг менаџер. Затоа секогаш ќе бидам благодарен на него. Тој не само што ме направи капитен, туку тој целосно веруваше во мене. Немавме најдобар тим во лигата и не можевме да си дозволиме да имаме 12 повредени. Нашите најдобри стартери беа доволно добри за топ 4, но откако дојдоа повредите, имавме проблем, затоа што немавме доволно квалитет во тимот, изјави поранешниот репрезентативец на Англија.