Роси ќе остане во Мото ГП и во 2021 година


Роси ќе остане во Мото ГП и во 2021 година - МИА

Мол, 26 септамври 2020 () – Деветкратниот светски шампион во мотоциклизам Валентино Роси ќе ја продолжи својата тркачка кариера најмалку за уште една година во класата МотоГП откако претходно денес потпиша договор со тимот на Петронас Јамаха СРТ.



Така, „Докторот“ ја обезбеди својата 21-ва сезона во кралската класа, каде освои седум светски титули, од кои последната во далечната 2009 година. Иако Роси ќе вози во сателитски тим, тој ќе ужива во целосна поддршка од фабриката од Јамаха, каде 15 од последните 17 сезони ги помина во МотоГП.

– Во име на Петронас Јамаха СРТ и сите наши партнери, би сакал да кажам дека за нас е голема привилегија да го пречекаме Валентино Роси – возач на кој не му треба никакво претставување – како дел од тимот за следната сезона. Неговото искуство ќе биде многу вреден адут за нашиот тим, кој ќе биде во трета сезона во МотоГП во 2021 година и сигурни сме дека ќе научиме многу од Валентино. Во исто време, ќе сториме се што можеме за да му помогнеме да биде конкурентен и да ја оправда довербата што ја дава во нас. Подготвени сме за овој предизвик, прокоментира шефот на тимот, Разлан Разали.

Во малезискиот тим, Роси ќе биде партнер со неговиот штитеник Франко Морбидели, кој пред само две недели ја забележа првата победа во кралската класа за време на трката за Големата награда на Сан Марино на патеката „Мизано“.


Бизнис и економија

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години

– Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има […]

Вести

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

– Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите […]

Вести

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*