Роналдо: Сезоната заврши подоцна од вообичаеното, но за нас порано од очекуваното



Роналдо во изолација со пижами од 2.000 фунти - МИА

Торино, 8 август 2020 () – Најдобриот фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо ја сумираше сезоната 2019/20. Клубот од Торино стана деветта година по ред шампион на Италија, но вчера беше елиминиран во осминафиналето од Лигата на шампионите.

– Сезоната 2019/20 заврши за нас многу подоцна од вообичаеното, но сепак порано отколку што очекувавме, напиша Роналдо на Инстаграм.

Време е да се размислиме, да се анализираат подеми и падови, бидејќи критичкото размислување е единствениот начин да се подобриме. Врвен клуб како Јувентус секогаш мора да мисли како најдобар на светот, да работи како најдобар на светот, за да можеме да се наречеме еден од најдобрите клубови во светот, дополни Португалецот.

– Горди сме на уште една победа во Серија А во толку тешка година. Јас имам постигнато 37 гола за Јувентус и 11 за Португалија. Ме тера да гледам кон иднината со нови амбиции и желба да постигнеме подобри резултати секоја година. Но, фановите бараат повеќе од нас. Тие очекуваат повеќе од нас. Ние мора да работиме, мора да исполниме големи очекувања, посочи ѕвездата на Јувентус.

Роналдо е убеден дека по кусиот одмор, во клубот ќе се донесат правилни одлуки за иднината.

– Да се вратиме посилни и пофокусирани од кога било, порача првиот стрелец на Јувентус.

Управата на клубот веќе го направи првиот чекор и уште вечерва на местото на Маурицио Сари за нов тренер го постави Андреа Пирло.


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*