Роналдо: Ми требаше гол од слободен удар за да ја зголемам самодовербата


Роналдо, Де Лихт и Киелини остануваат во Јувентус - МИА

Торино, 4 јули 2020 () – Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо ги сподели своите впечатоци по натпреварот од 30. коло на Серија А против Торино (4:1). Португалецот го постигна третиот погодок за својот тим во 61. минута од слободен удар.



– Знаевме дека натпреварот ќе биде тежок, но победивме и создадовме притисок врз Лацио.  Сега треба да гледаме напред и да го победиме Милан во следното коло. Мене ми требаше гол од слободен удар за да добијам на самодоверба. Не е важно дека јас и Дибала постигнавме гол. Најважна е победата и трите бода. Вистината е дека соработувам добро со Дибала како и со целиот тим, потенцира Роналдо.

Јувентус е лидер на табелата со 75 бода од 30 натпревари, пред Лацио кој има 68 бода од 29 средби.