Во дербито од 30. коло во Премиер лигтаа, Манчестер сити и Арсенал одиграа без голови, што најмногу го израдува Ливерпул, кој ја задржа првата позиција на табелата.
Арсенал успеа во намерата непоразен да го напушти „Етихад“. Сити доминираше во поседот на топка, имаше многу повеќе шутеви, но ниту еден не заврши зад грбот на Давид Раја.
Одбраната на Арсенал одигра одличен натпревар, а особено невидлив беше Ерлинг Халанд. Извонредниот норвешки напаѓач сезонава постигна 18 гола на 24 натпревари во Премиер лигата и шест на седум натпревари во Лигата на шампионите, но статистиката покажува дека е невидлив во дуелите со најсилните тимови.
Оваа сезона Халанд одигра шест натпревари во Премиер лигата против екипи од Топ 5 и успеа да постигне само еден гол. Дека нешто не е во ред се согласи и легендарниот Рој Кин, кој како стручен коментатор ја критикуваше играта на Норвежанецот против Арсенал.
„Ова беше многу лошо. Пред голот тој е најдобар во светот, но генералниот впечаток е многу лош. Неговата игра е на ниво на играч од англиската четврта лига. Тој мора да ќе се подобри во следните години и ќе се подобри, но мора да го направи тоа што е можно поскоро“, рече Кин.