Роџерс по триумфот над Тотенхем: Лестер беше одличен и можеше да постигне повеќе, но, време е да победиме дома


Лестер без двајца од лидерите до крајот на првенството - МИА

Лондон, 20 декември 2020 () – Тренерот на Лестер, Брендан Роџерс ги сумираше впечатоците од денешната победа над Тотенхем во дербито на 14. коло на Премиер лигата.


 

– Направивме сè како што треба. Мислам дека може да се види од начинот на кој игравме овде минатата сезона и од начинот на кој Тотенхем настапи оваа сезона до денес. Мислам дека ја контролиравме играта во првото полувреме, изгледавме добро и заслуживме да победиме. Во второто полувреме ја контролиравме играта, дури и се откажавме од топката, и можевме да победиме со поголем резултат. Мислам дека бевме одлични во текот на целиот натпревар и остваривме славна победа, изјави Роџерс.

Тој е задоволен од начинот на кој неговите избраници ги сопреа домашните напаѓачи.

– Тотенхем постигна многу голови во првите 15 минути и за нас беше важно добро да го започнеме натпреварот.

Предводникот на „лисиците“ смета дека е време да се почне да се победува и на свој терен.

– Време е да почнеме да победуваме на домашен терен. Момците учат цело време. Денес изгледавме како искусен тим, што е навистина добро. Сега е време тоа да го покажеме на нашиот терен каде имаме повеќе проблеми, отколку на гостувањата.

Лестер по денешниот триумф се искачи на второто место на премиерлигашката табела.