Ренова го заврши настапот во квлаификациите за Лигата на Европа


Ренова го заврши настапот во квлаификациите за Лигата на Европа - МИА

Тетово, 17 септември 2020 () – Екипата на Ренова денска го заврши својот настап во второто квалификациско за пласман во Лигата на Европа, откако доживеа пораз во Тетово со минимални 0:1 од Хајдук Сплит.



Мијо Чакташ го постигна единствениот гол на натпреварот уште на самиот старт по центаршутот на Жаиро.

Тетовци имаа свои шанси, но не ги искористија и се простуваат од евротурнирите за оваа сезона.

Хајдук во третото коло ќе игра со победникот од дуелот меѓу Нефчи и Галатасарај.