Реjна го продолжи договорот со Борусија Дортмунд до 2024 година


Реjна го продолжи договорот со Борусија Дортмунд до 2024 година - МИА

Дортмунд, 13 ноември 2020 () – Американскиот фудбалер за врска Џовани Рејна, кој неодамна дебитираше во националниот тим, го прослави својот 18-ти роденден со потпишување на долгорочен договор со Борусија Дортмунд, пренесува „ESPN“.


 

Новиот договор важи до 2024 година.

Рејна потпиша тригодишен договор со Борусија во ноември 2018 година, но се приклучи на тимот во јули 2019 година, дебитирајќи во главниот состав дури во февруари 2020 година.

Во тековната сезона има 12 натпревари на кои постигна два гола и пет асистенции.