Напаѓачот на Реал Мадрид, Хозе Луис Мато Санмартин, попознат како Хоселу, нема да конкурира за место во тимот за утрешниот натпревар со Севилја.
Искусниот фудбалер ја обнови повредата и ќе биде надвор од терените три недели поради едем на коските.
Отсуството на искусниот напаѓач на Реал Мадрид на позајмица од Еспањол и Џуд Белингем му ја отвори вратата на суперталентираниот Арда Ѓулер барем оваа недела да добие повеќе минути на теренот.