Реал е заинтересиран за трансфер на Фернандеш


Бруно Фернандеш: Сега доаѓа најтешкиот дел - МИА

Мадрид, 26 ноември 2020 () – Играчот за врска на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, може да стане играч на Реал Мадрид.



Според „Марка“ преговорите за трансфер на 26-годишниот Португалец ќе започнат во зимскиот преоден рок, доколку Реал го продаде Иско.

Оваа сезона, премиерлигашот Фернандеш одигра осум натпревари на кои постигна шест гола и направи три асистенции.

На фудбалскиот пазар цената на Португалецот е 80 милиони евра.