Ракометното првенство нема да се доигра, познато кои екипи ќе играат во Европа следната сезона


Ракометното првенство нема да се доигра, познато кои екипи ќе играат во Европа следната сезона - МИА

Скопје, 13 мај 2020 () – УО на РФМ на денешната седница одлучи дека нема да има шампион за сезоната 2019/20. Наредното, пак, првенство ќе се игра според шемата 14+2, односно во првата фаза ќе настапат 14 екипи поделени во две групи, додека во фазата плејоф ќе се приклучат и Вардар со Еурофарм Пелистер.

Донесена е и одлука кои екипи ќе ја претставуваат земјава во европските клупски натпреварувања. Вардар ќе се натпреварува во Лигата на шампионите, додека за Еурофарм Пелистер е оставена можноста да аплицира за најпрестижниот ракометен турние во Европа.

Металург, Еурофарм Пелистер и Бутел ќе бидат дел од новоформираната Лига Европа.

Тимот од Автокоманда веројатно ќе биде директен учесник во групната фаза на Лига Европа, додека во најлош случај ќе мора да одигра едно квалификациско коло за влез во групната фаза.

За разлика од Лигата на шампионите, списокот на учесниците во Лига Европа ќе биде познат дури на 21 јули, а се очекува и откажување на извесен број на екипи кои можат да настапат во Лига Европа, но веројатно ќе го одбијат тоа поради финансиските проблеми предизвикани од корона-кризата.


Различни ветувања од партиите, во фокусот младите и економијата - МИА
Вести

Различни ветувања од партиите, во фокусот младите и економијата

Скопје, 6 јули 2020 () – Правда за сите, администрација по европски стандарди, сигурност, просперитет, борба против корупцијата и криминалот, обнова на правосудството, подобар живот за младите, реформи во образованието, ова синоќа им го ветија […]

Бројот на починати од коронавирус во САД надмина 50.000 - МИА
Вести

Во континуитет висок број на починати од Ковид-19, досега 341 смртен случај

Скопје, 6 јули 2020 () – Седум починати од Ковид-19 се регистрирани вчера, со што вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 341. Пет од нив се од Скопје, еден од Тетово […]

Потврдени 103 нови случаи со Ковид-19, починати пет, оздравени 13 пациенти - МИА
Вести

Регистрирани 115 нови случаи на КОВИД-19 и седум починати

Скопје, 5 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети […]