Вујовиќ: Загубивме добиен натпревар, грешевме кога не смеевме да грешиме


– Ракометарите на Вардар вчера доживеаја пораз од 23-22 на гостувањето кај ППД Загреб. Со поразот Вардар падна на седмото место во групата А, додека ППД Загреб сега се шести, со бод повеќе.


 

Тренерот Веселин Вујовиќ на прес-конференцијата по натпреварот рече и дека неговите играчи загубија „добиен натпревар“.

– Загубивме добиен натпревар, грешевме кога не смеевме да грешиме. Честитки за Загреб за важната победа во овој тежок и грд натпревар. Игравме доста лошо, не знам зошто е така, дали е тоа една голема тензија, и тоа е за подлабока анализа, изјави Вујовиќ.

Тој потсети дека за седум дена ги чека важен натпревар против Еурофарм Пелистер.

– Се плашам дека овој пораз може да создаде негативен ефект кај моите играчи. Седум меча немаме победа, против сите играме добро, но, бодовите се впишуваат кај други на крај. Се надевам дека ќе имаме подобри игри понатаму и ќе се пласираме во следниот круг, што е цел на нашата екипа, дополни тој.

Натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар е закажан за 16-ти декември.