Во Битола почина познатиот ракометен работник Гоце Гроздановски – Моцарто

grozdanovski mocarto
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Во Битола на 84 години почина Гоце Гроздановски – Моцарто, познат македонски спортски ракометен работник.

Тој беше еден од основачите на РК Пелистер, познат ракометар, тренер и прв македонски меѓународен ракометен судија.


Гроздановски повеќе од 40 години бил член во управата на РК Пелистер и почитуван работник од спортската јавност во државата и странство.

Неговиот погреб ќе биде утре во црквата „Света Недела“ во Битола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK