Вардар подобар од Пелистер во првото големо дерби од Суперлигата



 Првото дерби во македонското ракометно првенство му припадна на Вардар кој вечерва во СЦ „Јане Сандански“ го победи Еурофарм Пелистер со 29:25.


 

Предводник на „црвено-црните“ до триумфот над битолчани беше Тимур Дибиров со 10 голови, во поразениот тим се истакнаа Стипе Мандалиниќ и Томислав Кушан со по пет погодоци.

Вардарци со максимални четири победи и 12 освоени бода се лидери на табелата во Суперлигата.

Еурофарм Пелистер го запиша првиот пораз и со девет бода е во групата на пет екипи од второто до шестото место.