Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте нов ракометар во РК Еурофарм Пелистер

cehte
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте, десен бек кој досега настапуваше во тимот на актуелниот првак на Данска, ГОГ Гудме, од денеска е нов ракометар на македонскиот шампион РК Еурофарм Пелистер.

Цехте се афирмира во дресот на Горење Велење, клуб со кој стана национален шампион на Словенија, настапувал за германски Хановер, а во текот на сезоната 2022/23 со ГОГ Гудме учестуваше во Лига на шампионите.


Нејц Цехте потпиша едногодишен договор, а на публиката ќе и биде претставен кон средината на јули, односно на почетокот на подготовките на РК Еурофарм Пелистер за сезоната 2023/24.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK