Репрезентативецот Петар Атанасијевиќ продолжува во „Еурофарм Пелистер“

petar atanasievikj
Facebook
Twitter
LinkedIn

Македонскиот ракометен репрезентативец Петар Атанасијевиќ е префрлен во првиот тим на Еурофарм Пелистер, соопшти дека битолскиот вицешампион.




Талентираното 19-годишно лево крило по две и пол години поминати во Еурофарм Пелистер 2, по барање на тренерот Ларс Валтер е прекомандуван во првиот тим, се додава во клупското соопштение.

Петар Атанасијевиќ кариерата ја почна во РК Алушовски од каде премина во Еурофарм Пелистер 2.

Претходно, овој месец Петар Атанасијевиќ дебитираше во македонската репрезентација на Светското првенство во Полска и Шведска, на кое „црвено – жолтите“ го освоија 27. место.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Можеби ќе ве интересира: