Ракометарите на Еурофарм Пелистер гостуваат кај Кадетен во Шафхаузен


 Ракометарите на Еурофарм Пелистер, во рамки на второто коло од ЕХФ ракометната лига, вечер во „Би-Би-Си Арена“ во Шафхаузен ќе се сретнат со домашниот тим Кадетен Шафхаузен.


 

Битолчани претпладнево во 11 часот ќе одржат тренинг, а во 18.45 часот ќе се обидат да ги освојат првите бодови во второто по ранг европско ракометно натпреварување.

– Очекувавме многу подобар натпревар и ќе дадеме се од себе да се покажеме во подобро светло, а ако има можност да освоиме и бодови, изјави ракометарот Јосип Божиќ Павлетиќ, во пресрет на дуелот со Кадетен и додаде дека домашниот тим располага со квалитетни ракометари меѓу кои средниот бек Шелкер и Кањељас.

Во тимот на Кадетен Шафхаузен доминираат швајцарски репренетативци, но и интернационалци од Германија, Шпанија, Хрватска, Холандија, Австрија и Унгарија.

Европската ракометна федерација-ЕХФ одлучи арбитри на средбата меѓу Кадетен Шафхаузен и Еурофарм Пелистер да бидат двете познати германски судијки, Маике Мерц и Тања Кутлер.