Познати сите учесници во ракометната Лига на шампиони

rakomet
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер идниот вторник ќе ги дознае противниците во групната фаза во ракометната Лига на шампиони, откако Управниот одбор на ЕХФ ги комплетираше сите 16 учесници и ја закажа жрепката за новата сезона за 27 јуни.

Место во Лигата на шампиони од претходно обезбедија Еурофарм Пелистер, дански ГОГ, шпанска Барселона, француски ПСЖ, германските Кил и Магдебург, унгарски Веспрем, полски Киелце, Порто од Португалија и Целје од Словенија, а ЕХФ ги обзнани и преостанатите шест учесници.


Тоа се хрватски ППД Загреб, дански Алборг, француски Монпеље, унгарски Сегед, норвешки Колстад и Висла од Полска.

Жрепката е закажана за 27 овој месец во 11 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK