Лазаров кон навивачте: Останавме должни, заслужуваме секаква критика


– Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров по елиминацијата на селекцијата од Европското првенство изјави дека никој не посакувал слично сценарио и дека е многу разочаран, но допрва ќе се прават анализи.

– Одигравме под нивото. Направивме многу грешки и промашивме многу шутеви. Австријците нè изненадија со одбраната 5-1, со полуфластер на мене. Стојам зад тоа дека можеме да играме со овој тим на Австрија, многу пати сме ги победувале, изјави Лазаров по поразот од Австрија.

Тој се заблагодари на навивачите и воедно имсе извини за прикажаното на ова натпреварување.

– Останавме должни, заслужуваме секаква критика. Ова е удар за нас и за македонскиот ракомет. Треба да се направи анализа и да се почне од почеток, затоа што не смееме да го загубиме она што е најубаво, затоа што ниту една друга репрезентација не може да си дозволи 5.000-6.000 навивачи на првенство во друга земја. Kако капитен, сакам да им се извинам на сите кои беа тука и кои не гледаа од Македонија, вели Лазаров, кој го заврши Европското првенство со вкупно 22 гола.


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 74 случаи со Ковид-19, тројца починати, 90 оздравени пациенти

Скопје, 3 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2. […]

Џафери ќе ја води конститутивната седница - МИА
Вести

Џафери ќе ја води конститутивната седница

Скопје, 3 август 2020 () – Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери утре ќе претседава со конститутивната седница на Собранието, потврдија од неговиот кабинет. -Претседателот Џафери излезе од болница и е во многу добра […]

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита - МИА
Вести

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита

Скопје, 3 август 2020 () – Ковид-19 предизвикува поголема смртност кај лица на возраст над 60 години и кај лица со основни медицински состојби, како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином. […]