Еурофарм Пелистер убедливо поразен од Бидасоа во Шпанија

 Македонскиот претставник во ракометната ЕХФ Лига, РК Еурофарм Пелистер со убедлив пораз од 32:20 се враќа од Шпанија каде загуби од домашниот Бидасоа.

Битолчани со висока негатива го завршија и првото полувреме кое заврши со 20:12 за домаќините, а на крајот од средбата теренот во Ирун го напуштија со разлика од 12 голови.

Најефикасен на натпреварот беше домашниот играч Угарте кој постигна 6 голови, а по 5 постигнаа Каверо и Митиќ, додека во битолскиот тим се истакна Хененберг кој успеа во текот на целиот натпревар да постигне 5 голови.

ЕК Еурофарм Пелистер и Бидасоа Ирун следниот вторник повторно ќе ги одмерат силите, овој пат во Битола со што завршува овој дел од сезоната во ракометната ЕХФ Лига. 

Facebook
Twitter
LinkedIn