ЕП во ракомет: Шпанија ја декласира Чешка



– Шпанија на импресивен начин ја почна втората фаза на Европското ракометно првенство. Бранителот на титулата ја декласира Чешка со 31:25 за потврдување на улогата на фаворит пред натпреварот.

„Фуријата“ имаше комотни 14:9 на полувреме, предност што рутински ја задржа до крај на средбата. Алекс Душебаев и Анхел Фернандез постигнаа по пет гола за шпанската селекција, додека најефикасен во мечот беше Чехот Ондреј Здрахала со осум погодоци.

Денешната понуда од ЕП носи уште два меча. Од 18.15 часот ќе играат Хрватска и Австрија, а во вечерниот термин од 20.30 часот е закажан натпреварот меѓу Германија и Белорусија.


Започна пленарната седница за избор на претседател на Собранието - МИА
Вести

На седница пратениците ќе расправаат по одлуките за постоење вонредна состојба донесени од претседателот на државата

– Предлог на одлуките за утврдување на постоење на вонредна состојба донесени од претседателот на Република Северна Македонија, објавени во Службени весник на РС Македонија се на дневниот ред на денешната собраниска седница. Пратениците ќе дискутираат […]

Вести

Над сто заболени од Ковид-19 во претходното деноноќие, Шахпаска со порака дека се уште има места во градинките

– Нови 112 случаи на заразени од Ковид 19 од 1372 тестирања и 159 оздравени, е билансот од претходното деноноќие, според статистиката на Министерството за здравство. Во моментот 47 деца од предучилишна возраст, односно три […]

Вести

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици […]