Египетскиот репрезентативец Хандави на голот на Еурофарм Пелистер


Голманот на египетската ракометна репрезентација Карим Хандави е нов член на македонскиот прволигаш Еурофарм Пелистер, соопшти вечерва клубот од Битола.



Хандави, кој во моментов настапува со својата репрезентација на Мундијалот во Египет има потпишано договор со битолскиот прволигаш и официјално ќе биде претставен штом ќе му завршат репрезентативните обврски на Светското првенство.

Хандави (32) доаѓа во редовите на Еурофарм Пелистер од романската екипа Доброгеа Суд.