Брестовац: Да ризикуваме едно големо натпреварување, ако сакаме повторно да имаме силна репрезентација


– Мислам дека во наредниот период треба да ризикуваме едно големо натпреварување ако сакаме да имаме повторно една силна репрезентација.

Ова беа првите зборови на селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, по вечерашниот пораз од 32-28 од селекцијата на Австрија, по што го завршивме настапот на Европското првенство.

Како причина за поразот Брестовац не гледа вина во одбраната, туку во нападот.

– Повторно имавме слаба реализација, повторно при ситуација 6 на 5 не реализиравме. Тие беа пострпливи од нас и заслужено победија. На нас ни останува да работиме на самодовербата на младите играчи и да ги мотивираме за понатаму да се јавуваат при повикот за настап со националниот дрес. Мислам дека во догледно време би требало да имаме една силна репрезентација и мисламдека овие момци ќе се вратат еден ден на едно големо натпреварување многу посилни и сигурно ќе значат нешто во европскиот и светскиот ракомет, додаде Брестовац.


Вести

Премиерот на Русија, Медведев поднесе оставка (ДПЛ)

Дмитриј Медведев денеска поднесе оставка од функцијата премиер на Русија, јави руската државна агенција ТАСС.   Тој одлуката ја донел по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, кој предложи нова функција во Советот за безбедност […]

Вести

Четириесет и пет пријавени за фаќање на крстот во Вардар во Скопје

Четириесет и пет лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во Вардар во центарот на Скопје на 19 јануари на Богојавление – Водици, информираа денеска за МИА од Скопската епархија.   […]

Бизнис

Народна банка: Камaтната стапка се намалува на 2 отсто

На 14 јануари 2020 година, Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка ги разгледа клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната […]