Аргентинската потпретседателка Кирхнер осудена на шест години затвор

Аргентинскиот суд вчера ја осуди потпретседателката Кристина Фернандез де Кирхнер на шест години затвор и ја лиши од вршење јавна функција, иако има имунитет како јавен функционер.

Таа е обвинета за корупција при доделување на јавни работи додека ја извршуваше претседателската функција.

Кирхнер нема веднаш да оди во затвор и се очекува да се жали на пресудата, па случајот најверојатно ќе се одолговлекува со години.

Таа беше претседателка во два мандати меѓу 2007 и 2015 година и има многу поддржувачи, особено по обидот за атентат врз неа во септември.

Судот пресуди Кирхнер е виновна за „нечесно владеење“ во случајот познат како „Вијалидад“ во кој градежниот магнат Лазаро Баез, исто така беше осуден на шест години затвор.

Обвинителите тврдат дека договорите за јавни работи и биле доделени на пријател Кирхнер, кој ги пренасочила парите назад кон неа и нејзиниот покоен сопруг, Нестор Кирхнер, исто така поранешен претседател на Аргентина.

Facebook
Twitter
LinkedIn