Раиконен: Не ми значи многу рекордот по извозени трки во Формула 1


 Пилотот на Ферари, Кими Раиконен многу веројатно  оваа година ќе стане рекордер по број на трки во Формула 1.

Сепак, за Финецот ова не е некое значајно достигнување.

– Рекордот по бројот на Гран-при во мојата кариера нема да ми даде ништо. Тоа не ме инспирира премногу. Но, драго ми е што имам можност да поминам уште една сезона. Ја научивме лекцијата од лани и сфативме што точно тргна наопаку. Се надеваме на подобри резултати оваа сезона, изјави Раиконен.

Тој има 313 Гран-при во кариерата, а рекордот во Формула 1 му припаѓа на Рубенс Баричело. Бразилецот во текот на својата кариера настапи на 322 трки.


Вести

Нови 53 случаи со коронавирус, вкупно 483, евидентирани пет починати

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483 лица, На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти заболени […]

Вести

Русија: Во јуни тестирање на вакцина за Ковид-19 на луѓе

Тестирањата на новиот прототип на вакцини против новиот коронавирус на животните ќе бидат завршени кон крајот на април, а тестирањето на луѓе ќе почне во јуни, изјави Ринат Максјутов, генерален директор на Новосибирскиот векторски државен […]

Вести

Четиринаесет медицински лица од штипското Инфективно одделение превентивно во самоизолација

 – Двајца лекари инфектолози, осум медицински сестри и четворица болничари од штипското Инфективно одделение се ставени во самоизолација, по наредба на здравствен санитарен инспектор, откако е утврдено дека имале контакт со 80-годишна пациентка, која била […]