– Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум синоќа забележа победа на реваншот против Будуќност во Подгорица во 2.коло од квалификациите од Конференциската лига на УЕФА.
Стружани до триумфот од 4:3 беа предводени од Марјан Радески кој постигна три гола (11., 45+3 и 74. минута). Еднаш во листата на стрелците се запиша Бесарт Ибраими (66. минута).
Головите за домаќините ги постигнаа: Ѓурковиќ (7), Аџиќ (45+9) и Секуловиќ (82).
Стружани победија (1:0) и на првиот натпревар одигран пред седум дена и со вкупни 5:3 одат во следното коло.
Противник на Струга ТЛ во 3. коло ќе се биде Хесперанж од Луксембург. Натпреварите ќе се играат на 10 и на 17 август.