Пулишиќ: Среќен сум што сум во Милан, тие имаат одлични играчи

pulishikj_4353535434
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Играчот од средниот ред на Милан, Кристијан Пулишиќ е среќен со својата преселба во италијанскиот клуб.

 


– Среќен сум што сум во Милан, тука има одлични играчи. Не можам да негирам дека последниот период беше бурен, иако на добар начин, и уживам во секој момент. Мојата одлука да му се приклучам на Милан дојде по долги разговори со директорите и тренерот и јас сум многу задоволен од мојот избор. Раководството и тренерот навистина сакаа да бидам дел од тимот, го цитира Пулишиќ, прес-службата на клубот.

 

Дваесет и четиригодишниот Американец потпиша договор со Милан до 2027 година со можност за продолжување на уште една сезона.

 

Пулишиќ игра за Челзи од 2019 година. За лондонци забележа 145 настапи, постигнувајќи 26 гола и 21 асистенција. Тој ја освои Лигата на шампионите со Челзи во сезоната 2020/21.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK