ПСЖ за три минути до полуфиналето



ПСЖ за три минути до полуфиналето - МИА

Париз, 12 август 2020 () – ПСЖ го скрши проклетството и конечно се квалификуваше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Со два гола по 90-тата минута, парижаните ја совладаа Аталанта со 2:1 и ќе ја паметат незаборавната вечер во Лисабон и „Естадио Да Луж“.

Италијанците одиграа одличен натпревар и водеа до 90-тата минута. Марио Пашалиќ им донесе предност на избраниците на Џанпјеро Гасперини во 27 минута, а потоа имаа и неколку поповолни позиции да удвојат.

Во исто време, парижаните беа далеку од висината на задачата, а Нејмар направи еден невиден пропуст. Сепак, токму Бразилецот асистираше за израмнувачкиот гол на Маркињос во 90-тата минута, а во 93-тата го започна нападот за голот постигнат од резервата Максим Чупо-Мотинг.

Така, екипата на Томас Тухел ги надмина тешкотиите и ќе игра полуфинале во ЛШ, по несреќните елиминации во четвртфиналето во претходните сезони. Таму Французите ќе се соочат со победникот од дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Лајпциг.

ПСЖ последен пат стигна до полуфиналето на турнирот во 1995 година.

За Аталанта останува утеха што стигнаа до осумте најдобри екипи во своето деби учество во ЛШ.


Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*