ПСЖ понуди 50 милиони евра на Интер за Икарди


ПСЖ понуди 50 милиони евра на Интер за Икарди - МИА

Париз, 22 мај 2020 () – Управата на Пари Сен Жермен му понуди на Интер сума од 50 милиони евра за напаѓачот на „нероазурите“, Мауро Икарди. Аргентинскиот стрелец минатата сезона играше во Париз на позајмица, постигнувајќи 20 гола на 28 натпревари во сите натпреварувања.

Првичниот договор меѓу двата клуба вклучуваше опција францускиот шампион да го купи Икарди за 70 милиони евра, со тоа што ПСЖ сака да го задржи Аргентинецот, но поради кризата со коронавирус тие нудат значително помала сума на италијанскиот тим. Сепак, раководството на Интер во неколку наврати навести дека нема место за Икарди на „Меаца“ и тој ќе биде продаден во текот на летото, што значи дека е многу можно „нероазурите“ да ја прифатат понудата на ПСЖ.

Во исто време, според медиумите во Италија, трансфер во спротивна насока може да се реализира во текот на летото. Тренерот на Интер го посакува искусниот напаѓач на ПСЖ, Единсон Кавани, чиј договор со Париз истекува за нешто повеќе од еден месец. На овој начин Интер може да го привлече уругвајскиот репрезентативец како слободен агент, а Кавани се поврзува за замена на Лаутаро Мартинез, кој скоро сигурно ќе се пресели во Барселона по крајот на сезоната.


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]