ПСЖ го зема Тијаго под носот на Ливерпул?



Тијаго нема да игра до крајот на сезоната во Бундеслигата - МИА

Париз, 3 август 2020 () – Трансферот на Тијаго во Ливерпул, кој важи за „безбеден“, можеби нема да се случи. Пари Сен Жермен ќе се обиде да го „украде“ играчот од средниот ред на Баерн под носот на „црвените“, тврди локалниот весник „Ле 10 Спорт“.

Францускиот шампион ќе се обиде да го засили средниот ред за следната сезона и Тијаго Алкантара е едно од можните нови засилувања. Парижаните се поврзуваат и со Сергеј Милинкович-Савиќ од Лацио, Исмаил Бенасер од Милан и Тимуе Бакајоко, кој е во сопственост на Челси.

Тијаго имаше уште една многу добра сезона со тимот на Баерн и како што се очекуваше има кандидати за неговиот потпис. Не се потценува и фактот дека неговиот договор со Баварците истекува следното лето. Ова значи дека Баерн мора да дејствува брзо за да заработи повеќе пари на него.

Германските гиганти веќе го привлекоа Лерој Сане од Манчестер Сити и продажбата на Тијаго би била добра можност за враќање на средствата.


Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*