Прво големо изненадување во новата сезона од ЛШ


Прво големо изненадување во новата сезона од ЛШ - МИА

Мадрид, 21 октомври 2020 () – Екипата на Шахтјор (Доњецк) оствари изненадувачка победа со 3:2 како гостин на Реал Мадрид во натпревар од групата „Б“ од Лигата на шампионите со што го направи првото големо изненадување во новата сезона.



Головите за Украинците ги постигнаа Тете (29’), Варан (33’ – автогол) и Соломон (42’) во првото полувреме. По паузата, тимот од Мадрид се обиде да направи пресврт, но погодоците на Лука Модриќ (54’) и Виничиус Жуниор (59’) не беа доволни за тоа.

Зинедин Зидан направи седум измени пред саботното „Ел Класико“ против Барселона. Капитенот Серхио Рамос воопшто не беше во групата на мечот поради добиен удар против Кадиз и така неговото место го зазеде Едер Милитао. Ферлан Менди беше преквалификуван како десен бек.

Во средниот ред имаше и две нови имиња во споредба со последниот натпревар – Касемиро и Федерико Валверде. Нападот беше целосно променет. Родриго и Марко Асенсио играа на крилата, а Лука Јовиќ започна како стартер.

Шахтјор пак беше сериозно погоден од коронавирусот, а дури десет играчи од нивниот прв тим го пропуштија мечот. Меѓу нив беа бразилските sвезди Тајсон, Алан Патрик и Жуниор Мораеш, дефанзивецот Микола Матвиенко, крилото Евхен Конопљанка и вториот капитен Тарас Степаненко.

Украинците сепак успеаја да соберат доволно играчи за натпреварот, бидејќи нивната почетна постава ја сочинуваа осум играчи на возраст од 23 или помалку години и на крајот да дојдат до неверојатна победа.

РБ Салцбург и Локомотив (Москва) не успеаја да победат и ремизиаа 2:2 на првиот натпревар од групата „А“ од Лигата на шампионите, кој се одигра во раниот термин.

Натпреварот кој се одигра пред 3.000 гледачи беше доста отворен.

Гостите поведоа со голот на Едер (19’), но „црвените бикови“ дојдоа до целосен пресврт преку Доминик Собослај (45’) и Златко Јанузовиќ (50’).

Сепак, Виталиј Лисакович му донесе бод на рускиот тим на 15 минути пред крајот.


Вархеји сака гаранции дека изборите ќе бидат фер - МИА
Вести

„Политико“: Вархеји и ЕПП се премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје

– Еврокомесарот за добрососдество и проширување Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Северна Македонија, пишува „Политико“ во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година. Како најлош момент […]

Вести

Состојбата со Ковид-19 под контрола, здравствениот систем се подготовува за вакцинација

Бројот на заболени од Ковид-19 минатата недела е намален за 9,9 отсто, а се зголеми бројот на оздравените. Надлежните сметаат дека состојбата е под контрола, а здравствениот систем веќе почна со подготовките за вакцинација против […]

Вести

Гоце Делчев, средновековниот и раноосманлискиот период – теми на онлајн средбата на македонските и бугарските историчари

Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи денеска и утре. На […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*